Анџело Николовски оваа зима ќе има нов клуб

Левиот бек Анџело Николовски оваа зима ќе има нов клуб затоа што се раздели со второлигашот Гостивар.

21-годишникот кој дојде во лидерот во ВМФЛ оваа година по свое барање си заминува од таборот на гостиварчани. Ќе има нов клуб, четврти за него во професионалната кариера.

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија покрај за Гостивар играше уште за Пехчево и Брегалница Штип.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.