ВИДЕО: Андрих со мајсторски гол со пета ја зачини прославата во Леверкузен!

Уште од пред неколку кола екипата на Баер Леверкузен ја обезбеди шампионската титула во Бундеслигата, прва во клупската историја. 

Но, момците на Чаби Алонсо не застанаа по тој историски успех и продолжуваат да газат сè пред себе и да рушат рекорди. Денес пред својата публика го играат последниот натпревар од домашниот шампионат, а Роберт Андрих во 27. минута големата прослава ја зачини со мајсторски гол со пета.

Баер Леверкузен, покрај трофејот во Бундеслигата, до крајот на сезоната има шанси да освои уште два – од Купот на Германија и од Лига Европа.