Андрески: Шкендија е фаворит, ама нам ни е важен секој бод

Работнички во минатото коло освои бод против Академија Пандев, а сега следи дуел со актуелниот првак Шкендија. Дебармаалци влегуваат како фенерџии во дуелот, ама тренерот Марјанчо Андрески вели дека „романтичарите“ ќе дадат се да му ги расипат плановите на ривалот кој е во налет.

„Шкендија е фаворит, има искусен состав, актуелен првак е. Но, ние играме на домашен терен и се надеваме дека можеме да се спротивставиме и да освоиме бодови. Нема да биде лесно, но на Работнички секој бод му е потребен и ќе се бориме за секоја топка на утрешниот меч. Доколку бидеме на потребното ниво, мослам дека можеме да оствариме поволен резултат“, изјави Андрески.

Натпреварот меѓу Работнички и Шкендија е закажан в недела од 13:00 часот, на Арената „Тодор Проески“ во Скопје.

ПМФЛ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ВардарВардар 14 9 3 2 20:6 14 30
2 Академија ПандевАкадемија Пандев 14 7 5 2 16:5 11 26
3 ШкендијаШкендија 1 14 6 3 5 17:8 9 21
4 СилексСилекс 1 14 7 0 7 15:16 -1 21
5 Македонија Ѓорче ПетровМакедонија Ѓорче Петров 1 14 4 6 4 14:14 0 18
6 ШкупиШкупи 3 14 4 6 4 14:12 2 18
7 Струга Трим ЉумСтруга Трим Љум 14 5 3 6 13:18 -5 18
8 РеноваРенова 14 4 3 7 11:19 -8 15
9 БорецБорец 14 4 3 7 11:23 -12 15
10 РаботничкиРаботнички 14 3 2 9 10:20 -10 11