Андрески: Посакуваме уште еден одличен натпревар во Тетово како против Шкендија

Екипата на Работнички утре во Тетово го заокружува есенскиот дел од првенството со гостување кај Ренова

По добрата игра и ремито со Шкендија во првиот четвртфинален меч од Купот, тренерот Марјанчо Андрески се надева дека тимот ќе повтори такво издание и против „гипсарите“.

„Одигравме квалитетно против Шкендија во Купот и се надевам дека ќе ја повториме таквата игра и против Ренова. Не треба ни се да споменува дека бодови ни се потребни со оглед на незавидната позиција на табелата. Работевме напорно, подготвени сме и одиме во Тетово да одиграме најдобро што знаеме“, порачува шефот на стручниот штаб.

Натпреварот меѓу Ренова и Работнички ќе го суди Албрим Шаќири од Струга. Негови асистенти ќе бидат Ацо Мацевски и Разме Бакрачески. Четврти судија е Јован Качевски.

ПМФЛ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ВардарВардар 18 10 6 2 28:11 17 36
2 ШкендијаШкендија 1 18 8 4 6 30:13 17 28
3 Академија ПандевАкадемија Пандев 1 18 7 6 5 19:15 4 27
4 СилексСилекс 18 8 3 7 21:20 1 27
5 Македонија Ѓорче ПетровМакедонија Ѓорче Петров 18 6 8 4 21:18 3 26
6 Струга Трим ЉумСтруга Трим Љум 18 6 6 6 18:22 -4 24
7 ШкупиШкупи 18 5 7 6 20:21 -1 22
8 БорецБорец 18 5 5 8 14:26 -12 20
9 РеноваРенова 18 5 4 9 17:30 -13 19
10 РаботничкиРаботнички 18 4 3 11 16:28 -12 15