Андрески го замени Влахо и застана на кормилото на Работнички

Поранешниот капитен на Работнички, Марјанчо Андрески, ја презеде работата која до неодамна ја извршуваше Александар Влахо.

Тренерот на младинската школа на „романтичарите“ ја доби довербата на клубот да ја води екипата до крајот на тековната сезона. Денес го одржа и првиот тренинг со тимот, од кој побара максимално залагање и надминување на кризата.

Неговиот претходник си даде оставка поради лошите резултати по првите десет кола во новата сезона од ПМФЛ. Екипата од Дебар Маало се наоѓа на разочарувачкото последно место на табелата со три победи, едно реми и дури шест порази.

Пред Андрески стојат два тешки предизвици во претстојниот период. Најпрво за викендот неговиот тим ќе гостува кај Шкупи, а потоа на домашен терен ќе го пречека лидерот Вардар.

Бодовите од овие два меча се од исклучително значење за Работнички, кој доколку не ја подобри формата, ќе има проблеми во остатокот од сезоната.