Андреја Ефремов ќе бара нов клуб, си замина од Силекс

Македонскиот голман Андреја Ефремов по крајот на полусезоната од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) си замина од Силекс и ќе бара нов клуб за пролетниот дел.

Чуварот на мрежата дојде во Силекс лани, но оваа сезона не доби редовна минутажа по доаѓањето на Даниел Божиновски. Двете страни спогодбено го раскинаа договорот, па тој како слободен ќе разгледува нови опции.

Тој веќе има неколку понуди, а допрва ќе одлучува каде ќе продолжи. 27-годишниот голман покрај за Силекс на домашната сцена играше за Металург, Работнички и Ренова, а има интернационални настапи за португалски Фалимикао и бугарска Локомотив Софија.