Андреј Велков потпиша прв професионален договор со Академија Пандев

Велков

Екипата на Академија Пандев игра лоша сезона во Првата фудбалска лига на Македонија. Тимот од Струмица се наоѓа во долниот дел од табелата и се бори да фати ритам.

Додека е во криза, струмичкиот прволигаш претстави нов член на сениорскиот тим. Се работи за младиот талент Андреј Велков, кој стави потпис на прв професионален договор со „пандевци“.

Левиот бек е член на младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 17 години. Клубот верува дека сега е моментот тој да се докажува меѓу најдобрите.

Академија Пандев има само три победи во дванаесет кола и стои на деветтата позиција на прволигашката табела.