• Саше Љолес

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Андреј Стојчевски, ја напушти екипата на Жилина и се приклучи на тимот на Словацко, каде ќе настапува во следните шест месеци како позајмен фудбалер.
Новиот клуб веќе му посака добредојде на Стојчевски, кој се очекува да биде солидно засилување, а доколку ги задоволи вкусовите на управата, би можел да добие и перманентен договор во текот на летото.
Стојчевски ја започна кариерата во скопски Вардар, а потоа играше и за екипата на Академија Пандев.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.