• Мартин Танасковски
Македонскиот фудбалски талент Андреј Стојчевски има нов клуб и почнува интернационална авантура. Кариерата ќе ја продолжи во Словачка, каде ќе настапува за Жилина.
18-годишниот играч кој игра на позицијата дефанзивен играч за врска обезбеди место во словачкиот клуб и се врза со договор до 2026 година, што доволно покажува дека клубот во него гледа иднина и потенцијал.
Стојчевски, кој на промоцијата беше придружуван од неговиот менаџер Никола Ѓошевски, потекнува од фудбалската школа на Вардар, а изминатава сезона настапуваше во редовите на Академија Пандев.
Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк