Андреј Симевски од Беласица направи трансфер во Бугарија

Македонскиот фудбалер Андреј Симевски беше еден од најдобрите играчи на струмичка Беласица и направи трансфер во Бугарија.

25-годишниот центарфор му се приклучи на тимот на Черноморец Бургас кој е меѓу најдобрите во третолигашкото друштво. „Ајкулите“ бараат голови, а Симевски со добрата игра во струмичани им се препорача.

Изминатата полусезона Симевски одигра 13 натпревари за Беласица на кои постигна седум гола. Низ минатото тој настапуваше и за Слога Виница, Осогово, Саса, Кит-Го, Детонит...

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.