Андреј Ричков е нов играч на Воска Спорт

Екипата на Воска Спорт донесе ново име во финишот на преодниот рок и потпиша договор со дефанзивецот Андреј Ричков.

25-годишниот централен дефанзивец беше слободен по разделбата со Силекс, но најде нов клуб и ќе продолжи во Првата македонска фудбалска лига. Ричков мина низ повеќе прволигашки клубови од Македонија, па сигурно ќе биде засилување за охриѓани.

Пред Силекс, Ричков настапуваше за Пелистер, потоа беше дел од Саса и Осогово, како и од Борец, Вардар, Беласица и Скопје.