Андреј Лазаров, фудбалерот на Шкупи е во болница со изгореници!

По неверојатната трагедија која што се случи ноќва во дискотека во Кочани, голем број родители, пријатели и роднини со објави на социјалните мрежи бараат какви било информации за исчезнати лица. Таков беше и случајот за фудбалерот на Шкупи, Андреј Лазаров, кој бил гостин во дискотеката.

<<< ПОВРЗАНО - По пожарот во Кочани: Се бара Андреј Лазаров, фудбалерот на Шкупи!

За среќа, набрзо стигна информација дека младиот фудбалер на чаирчани е во болница со Штип и како последица од пожарот има изгореници на телото. 

Поради несреќата во Кочани, која е една од најголемите во историјата на Македонија, одложени се сите спортски настани во Македонија,