Андреа Страмачони е нов тренер на прашка Спарта

Младиот италијански стручњак, Андреа Страмачони е назначен за нов тренер на чешкиот гигант Спарта од Прага. Некогашниот предводник на Интер, Панатинаикос и Удинезе потпиша двегодишен договор со Спарта и ќе заработува три милиони евра за двегодишниот договор.

Негов помошник ќе биде некогашниот фудбалер на Фиорентина, Томаш Ујфалуши, кој добро говори италијански и ќе му биде од помош на Страмачони. Кристијан Панучи, Франческо Гвидолин и Томас Дут исто така беше во игра за тренерското место, но Страмачони доби доверба на бордот на директори. 

Првата задача на новиот тренер се квалификациите од Лигата на шампионите, во кои Спарта ќе се вклучи од второто коло во јули.