Андов: Знаеме дека ќе е тешко, но ќе биде добро ако ја победиме Саса

Екипата на Саса Каменица е следниот предизвик на фудбалерите на Осогово кои пролетната сезона во Втората македонска фудбалска лига ја започнаа со едно реми и две победи.

Традиционално дуелот помеѓу овие две екипи го привлекува интересот на јавноста, а голманот на Осогово, Матеј Андов вели дека натпреварот ќе биде тежок и неизвесен.

„Денес против тимот на Саса нè очекува тежок натпревар, тоа е еден незгоден противник кој од секогаш прикажувал добри игри против нашиот тим. Но, ние не се предаваме и како и досега спремни сме да ги освоиме трите бода. Нашата екипа е во одлична форма и досега добро се подготвивме, а како загревање во почетокот на вториот дел од сезоната одигравме и одлични натпревари. Се надевам дека играчите ќе ги реализираат тактичките замисли на тренерот и ќе ги прикажеме во одлично издание на теренот. Добро ќе биде денес да победиме, е уште подобро и да сочуваме чиста мрежа“, вели Андов.

Мечот меѓу Осогово и Саса Каменица е закажан за денес од 15:00 часот, термин во кого ќе се одиграат уште шест натпревари од 20. коло на ВМФЛ.