• Мартин Танасковски
По ждрепката за новата сезона во Лигата на нациите кај дамите во која нашиот национален тим ќе игра против Израел, Фарски Острови и Андора, селекторот Александар Андов ги сподели своите очекувања за претстојните натпревари и предизвиците што ја очекуваат селекцијата.
„Андора е репрезентација која добро ја познаваме и против која имаме остварено две победи. Фарските Острови и Израел се селекции со кои досега немаме играно, но се надевам дека и против нив ќе успееме да оствариме позитивни резултати. Сепак, треба да бидеме приземни во очекувањата. Нашата репрезентација е во процес на подмладување, со вклучување на фудбалерките од селекциите до 19 и до 17 години. Тоа е процес кој бара време, работа и трпение. Јас сум оптимист и верувам во потенцијалот на оваа генерација. За мене успех ќе биде да освоиме повеќе бодови од минатиот циклус, да продолжиме со развојот на младите фудбалерки и постепено да се подготвуваме за поголеми резултати во иднина“, истакна селекторот.
Натпреварите од групната фаза ќе се играат во три термини: од 23 февруари до 6 март, од 13 до 24 април и од 7 до 15 јуни 2027 година.




