• Саше Љолес

Женската репрезентација на Македонија се собра за натпреварот против Косово во Лигата на нации, а селекторот Александар Андов го објави списокот на повикани фудбалерки.
Македонија со проверени сили ќе се обиде да извлече позитивен резултат против северните сосетки, а натпреварот е закажан за 21 февруари во 14:00 часот.
Голмани:
Берна Кабакчи, Викторија Панчурува, Кристина Павлоска
Одбрана:
Ана Милчевска, Ане Бошевска, Павлинка Николовска, Елена Панеска, Бојана Петкова, Сара Коларовска, Викторија Недева, Александра Јовановска
Среден ред:
Хава Мустафа, Александра Марковска, Симона Ребека Меијер, Ленче Андрееска, Икмете Лимани
Напад:
Јилза Максути, Гентијана Рочи, Лора Сулејмани, Јована Павловска, Марјана Нацева, Билјана Панева
Поради повреда, нашата најдобра фудбалерка Наташа Андонова нема да биде во можност да му се стави на располагање на селекторот Александар Андов за дуелот против Косово.
Нашите фудбалерки денеска на тренинг центарот „Петар Милошевски" во Скопје официјално ги започнаа подготовките за претстојните предизвици од новиот циклус на Лигата на нации.