ВИДЕО: Андорците плачеа од среќа, слават историска победа по 56 порази!

По Македонија во 2004 година и Унгарија во 2018 година, Андора дочека да ја слави третата победа во историјата на квалификациските средби и на домашен терен славеше против Молдавија (1-0).

Андорците на домашен терен важеа за аутсајдери на хартија, но успеаја да дојдат до триумф, не толку значаен во квалификациите, но значаен за фудбалерите на оваа земја кои важат за аматери и кои фудбалот го играат како споредна професија во животот.

  • Извештај од натпреварот: 

Голот вреден три бода во квалификациите за ЕП 2020 го постигна Валес во 63. минута и истиот беше доволен за триумф. Се лееја солзи радосници по голот за предност, а и по натпреварот и големата победа.

Андора со овој триумф дојде до првата радост во последните 14 одиграни средби, во Лигата на нациите, квалификации или од пријателски карактер.

Воедно, за Андора ова беше прва победа во квалификациите за ЕП, по вкупно 56 порази по ред од 1996 година.