Андонова: Заслужено по шест години им се вративме на победите

Најдобрата македонска фудбалерка Наташа Андонова беше лидер на националниот тим во триумфот над Казахстан (4-1), во рамки на квалификациите за Европското првенство.

Фудбалерките успеаја да забележат победа на официјален меч за првпат во последните шест години, а Андонова заедно со Рочи беа творци на истата на домашен терен. По натпреварот, Андонова не го криеше задоволството.

„Чувството да се победува пак е фантастично. Одигравме одличен натревар. Победата од 4-1 е најдобар показател за тоа. Атмосферата во националниот тим е одлична. Им се вративме на победите по долго време. Навистина сум задоволна од прикажаното во текот на целиот нaтревар“, изјави Андонова.

Следен предизвик за женската фудбалска селекција на Македонија ќе биде нов дуел на домашен терен, против селекцијата на Србија, закажан на 5 октомври на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ при ФФМ.