ВИДЕО: Андонова спектакуларно погоди за Леванте против Еспањол

Најдобрата македонска фудбалерка Наташа Андонова уште еднаш ја покажа својата класа и погоди за Леванте во ремито со Еспањол (1-1).

Македонката тргна од првата минута, а своите квалитети ги демонстрира во 39. минута, кога доби топка од Гонзалез Родригез пред шеснаесетикот и погоди спектакуларно.

  • Голот на Андонова за Леванте:

Сепак, одбраната на Леванте не издржа до финишот, па во 81. минута Еспањол се избори за бод, голем за тимот во битката за опстанок и тоа против голем фаворит.

Леванте е на второто место во женскиот шампионат во Шпанија и ита кон Лигата на шампионите.