Андонова си оди од Барселона, но пак ќе остане во Шпанија?

Македонската репрезентативка Наташа Андонова е на истек на договорот со Барселона, а многу веројатно ќе го менува и клубот, но нема да ја напушти Шпанија.

Андонова и каталонскиот тим загубија во финалето на Лигата на шампионите, додека во лигата на Шпанија ја загубија битката за тронот со Атлетико Мадрид. 

Според најавите од Шпанија, шест фудбалерки се на излезна врата од Барселона и нема да им биде продолжен договорот. Се работи за Мелани Серано, Џема Џил, Тони Даган, Андреса Алвес, Барбара Латоре и Наташа Андонова. Најголеми шанси од сите овие има да остане Андреса Алвес, а за Андонова вели дека се има договорено со друг клуб од Шпанија.

Засега, името на клубот не е познато. Најдобрата македонска фудбалерка има 25 години и зад своето име има кариера на која може да ѝ подзавидат и мажите. Играше за Розенгард, ПСЖ, Турбине Потстам и Барселона, успех кој е огромен за девојка која доаѓа од ова поднебје.