ВИДЕО: Андонова се повреди, Македонија шокирана од Луксембург

Женската фудбалска репрезентација на Македонија имаше добра шанса да врзе две квалификациски победи, меѓутоа се сопна на домашен терен против Луксембург (2-3) во рамки на четвртата рунда од квалификациите за Светското првенство (СП).

  • Извештај од натпреварот:

Нашиот национален тим важеше за голем фаворит на СЦ „Билјанини Извори“ во Охрид, ама потфрли во мечот и не успеа да врзе две победи за првпат по десет години. Голем хендикеп беше и повредата на нашата најдобра фудбалерка Наташа Андонова која мораше да го напушти дуелот на паузата, па без неа фалеше креативност и течност во играта.

Уште во 8. минута Луксембург дојде до предност во осмата минута преку Маркез Абреу, додека во 21. минута Гентијана Рочи од слободен удар откосо изедначи на 1-1. На паузата, Коларовска влезе во игра на местото на Андонова, а потоа Луксембург преку Тил која беше двоен стрелец благодарение на грешките на нашата одбрана ја врати предноста на мечот.

Во 90. минута Николовска донесе втор гол за Македонија откако постигна ефектен погодок од слободен удар, а пречката го спаси гостинот од изедначување, кога две минути подоцна биеше нововлезената Петрушевска со глава по еден корнер на Максути.

Луксембург и Македонија се изедначени на табелата во мундијалските квалификации. Имаат по три бода. Следен меч на девојките е на домашен терен против Северна Ирска,