Андонова ќе им ги открива фудбалските тајни на најмладите во Барселона

Најдобрата македонска фудбалерка, Наташа Андонова, ќе биде дел од тренерскиот тим на камп за девојчиња кој ќе се одржи во Барселона.

Андонова доби покана и ја прифати, за да биде дел од „Hero Girls Camp '18“ кој ќе се одржи во шпанската метропола на крајот на јуни и почетокот на август. Целиот проект стартува на 22 јули, а учество ќе земат девојчиња од 12 до 17 години. 

Офанзивката од Македонија ја загуби битката за титула во Примера со шпански Атлетико Мадрид, но се уште живее сонот за трофеј во Купот на Шпанија.