Андонова игра историско финале, Барса стои на патот на четвртиот трофеј во низа на Лион

Лион Барселона

Оваа сабота е историска за женскиот тим на Барселона, кој ќе го игра првото финале во Лигата на шампионите во својата историја.

Македонската фудбалерка Наташа Андонова и нејзините соиграчки ќе застанат наспроти Олимпик Лион, кој ќе биде предизвикувачот во натпреварот за титула во Будимпешта.

Францускиот гигант важи за еден од најсилните клубови на стариот континент и игра за четвртиот трофеј во низа во ова престижно натпреварување. Противникот на Каталонците е сериозен фаворит за победата и досега одиграл седум финалиња и победил на пет од нив. Нивната фантастична серија гласи два порази на последните 35 натпревари во Лигата на шампионите, што е дополнителен проблем за екипата на Андонова.

Овие два тима одиграле два меѓусебни натпревари. И двата завршија во полза на Французите. 

Прогнозите на експертите велат дека Лион не би требало да има проблем да ја освои четвртата последователна титула. Но, затоа Андонова и Барса се тука за да им го расипат славјето и да испишат своја историја во најсилното клупско натпреварување во Европа.