• Горан Упале
Македонската женска репрезентација впиша нови бодови на своето конто и ја извојува втората победа во квалификациите за Светското првенство. Нашите репрезентативки беа поуспешни од селекцијата на Летонија, победувајќи ја со 3-2, во рамки од деветтото коло од групата Д од европските квалификации.
Резултатот го отворија гостинските фудбалер, кои преку Рочане уште во петтата минута имаа водство од 0-1. Сепак, Македонија до крајот на полувремето се избори за пресврт, во режија на најдобрата фудбалерка Наташа Андонова. Фудбалерката на Леванте на додавање на Андреевска погоди во 13. минута за 1-1, а по само четири минути одново беше на висината на задачата и од 11 метри срелаше за 2-1.
Во второто полувреме Андонова продолжи со одличната игра и на нејзино додавање, Рочи погоди за 3-1, додека до крајот на натпреварот гостите преку Шевцова успеаја само да го ублажат поразот.
За нашата најдобра селекција ова беше втора победа во квалификациите, со која им побегнавме на Летонките и го оставивме сами на дното на табелата со само три бода.





