ВИДЕО: Андерсон со два гола го шокираше Ајнтрахт и донесе три бода во Берлин

Фудбалерите на Унион Берлин експресно им се вратија на победите во Бундеслигата, откако во рамки од последниот натпревар од 23. коло на германскиот шампионат приреди изненадување во Франкфурт и славеше голем триумф од 1-2 на домашниот тим на Ајнтрахт. 

Со овие три бода новајлијата во прволигашкото друштво направи голем исчекор во борбата за опстанок, прескока две позиции на табелата и сега со 29 бода е на десеттото место. Ајнтрахт пак по поразот падна на 11-тата позиција. 

  • Извештај од натпреварот: 

По мирниот старт и не така возбудливото прво полувреме, во второто гостите од Берлин одигра како што посакуваа и ги казнуваа грешките на Ајнтрахт. По само четири минути игра во продолжението, Андерсон донесе шок за домаќините и Унион Берлин стигна до водство од 0-1, додека во 67. минута истиот фудбалер повторно беше на висината на задачата и со нов гол ја потврди одличната игра на својот тим.

До крајот на натпреварот Ајнтрахт успеа само да го ублажи поразот откако конешните 1-2 ги постави Силва.

Во следното коло Унион Берлин пред својата публика ќе го пречека тимот на Волфсбург, додека Ајнтрахт го игра дербито со Вердер Бремен.