ВИДЕО: Андерсен направи кикс во финишот, Брајтон спаси бод против Палас

Кристал Палас испушти победа во финишот од судирот во средниот дел на табелата во Премиер лигата против Брајтон (1-1) во рамките од 22. коло.

  • Извештај од натпреварот: 

Домаќинот ќе жалеше многу, ако теренот го напуштеше со празни раце. Во првиот дел пенал промаши Паскал Грос. Неколку минути подоцна поништен беше погодокот на Нил Мапо, поради фаул кој се случи во текот на акцијата.

Казната стигна на спротивната страна во 69. минута. Конор Галагер беше присебен и погоди во противничката мрежа во завршницата. Тоа не остави многу простор за Брајтон да одговори, меѓутоа тоа се случи и тоа со помош на гостински фудбалер. Јоаким Андерсен беше трагичар на Кристал Палас и си постигна автогол за конечни 1-1 во 86. минута од натпреварот. 

Брајтон е прв премиерлигаш со десет реми средби во тековната сезона. Колото продолжува утре и задутре, кога се закажани осум меча.

Состави

Graham Potter

4-4-2

    Patrick Vieira

    4-3-3