Андерлехт промовира сериозно засилување, го врати Азар во Белгија

Помладиот брат на Еден Азар, Торган, направи кам-бек во белгискиот фудбал. Крилниот фудбалер кариерата ќе ја продолжи во редовите на Андерлехт кој прави сериозни напори да се врати на врвот. 

Азар доаѓа во Андерлехт од Борусија Дортмунд за сума од четири милиони евра. Откако мина една полусезона како позајмен во ПСВ Ајндховен, „милионерите“ му порачаа на 30-годишникот дека не сметаат повеќе на него. Тој реши дека е време да се врати во родната земја и ќе заигра за Андерлехт. 

„Навистина сум среќен што потпишав за Андерлехт. Сакав да се вратам во Белгија со своето семејство. Ги следев случувањата во клубот цело лето и бев импресиониран од нивната работа на трансфер пазарот, квалитетот на екипата и проектот. Навистина сакав да бидам дел од тимот, се радувам што пак ќе откријам како е да се игра во Белгија“, изјави Азар. 

Со Андерлехт, крилниот фудбалер се обврза на верност на три години. Торган Азар многу млад си замина од Тубизе и се пресели во Ленс. Во 2012 година направи трансфер во Челзи, меѓутоа клубот го позајмуваше во Зулте и Борусија Менхенгладбах која потоа го откупи. ОД 2015 до 2019 година Азар блесна во таборот на „ждребињата“, а потоа следеше трансфер во Борусија Дортмунд.