• Зоран Мишевски
На повидок е голем трансфер во белгискиот фудбалски шампионат. Данецот Кристијан Ериксен има понуда од белгискиот гигант Андерлехт и би можел да тргне во таа насока, тврдат белгиските медиуми.
32-годишниот плејмејкер не е главен играч во формацијата на Ерик Тен Хаг и во првите три натпревари од сезоната беше на клупата и не влезе во игра. Со потписот на Мануел Угарте од Пари Сен Жермен, Данецот е затворен и не би му пречело да го напушти „Олд Трафорд“.
Извршниот директор на Андерлехт, Јеспер Фредберг долго време сакаше да го ангажира Данецот, но се смета дека тој ќе почека до самиот крај на преодниот рок во Белгија пред да даде официјална понуда. Во Англија прозорецот за дојдовни трансфери е затворен, но тоа не ги спречува клубовите да продаваат играчи во лигите каде што се уште е дозволено, а во Белгија тоа важи до 6 септември.
Ериксен е вториот играч со најмногу асистенции за Манчестер Јунајтед во последните две сезони зад Бруно Фернандеш.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.