ВИДЕО: Андерлехт по 34. пат го освои белгискиот фудбалски шампионат

Најславниот белгиски клуб на сите времиња Андерлехт од Брисел по 34. пат во својата историја е шампион на Белгија и победник на Јупилер Про шампионатот. 

Андерлехт на едно коло пред крајот има 7 бода предност пред директниот конкурент Бриж. Со победата од 1-3 како гостин кај Шарлоа и поразот на Бриж со 2-1 на гостувањето кај Остенде, Андерлехт по три години ја враќа титулата во своите витрини. 

Битката за второто место кое носи учество во квалификациите за Лигата на шампионите ќе биде одлучено во последното коло кога Бриж го пречекува Гент во директен судир.