Анчелоти: ФИФА нека заборави на тоа клупско првенство...

ФИФА направи промени и следното издание на Светското клупско првенство (СКП) ќе се игра со 32 селекции во Соединетите Американски Држави, но голема е веројатноста дека главниот од Европа, тимот на Реал Мадрид, нема да допатува на настанот.

Гласот го крена Карло Анчелоти, стратегот на кралскиот клуб, кој застана зад играчите и фактот дека имаат многу натпревари во сезоната, па СКП за време на летото е ризик.

„ФИФА може да заборави на тоа. На тој турнир нема да учествуваат фудбалери и клубови. Неколку клубови мислат исто како нас. Сигурно ќе ја одбиеме поканата“, изјави Анчелоти за настанот.

Останува да видиме која ќе биде реакцијата на ФИФА и на претседателот Џани Инфантино кој очекуваше овој настан да биде празник на фудбалот.