• Зоран Мишевски
Победничката серија на Реал Мадрид во финалните натпревари продолжува. Синоќа шпанскиот гигант ја победи Аталанта во натпреварот од Суперкупот на УЕФА. Средбата заврши со резултат 2-0. Головите ги постигнаа играчот од средниот ред Федерико Валверде и новото засилување Килијан Мбапе.
На овој начин тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти се израмни со Мигел Муњоз по бројот на освоени трофеи во историјата на „кралскиот“ клуб – четиринаесет трофеи.
Второто место е а Зинедин Зидан, кој со Реал Мадрид освои единасет трофеи. Првата петорка ја комплетираат Луис Моловни (осум трофеи) и Висенте дел Боске (седум трофеи).
Анчелоти двапати го водеше Реал Мадрид. За време на неговиот прв мандат од сезоната 2013/14 до сезоната 2014/15, италијанскиот специјалист освои четири трофеи. Второто назначување на тренерот се случи во сезоната 2021/22. За три сезони, Анчелоти освои десет трофеи, вклучувајќи и две титули во Лигата на шампиони.