Анчелоти: Уништени сме, но ќе се бориме за титула до крајот

Екипата на Реал Мадрид направи уште еден чекор назад во битката за одбрана на тронот во Шпанија, со поразот кој го доживеа против Мајорка (0-1). Тренерот на „кралевите“, Карло Анчелоти, не ја криеше разочараноста од овој неуспех, но вели дека мора да се гледа напред.

„Уништени сме. Брзиот гол и промашениот пенал не демотивираа и го одлучија конечниот исход на натпреварот. Сега мора да се фокусрираме на настапот на Светското клупско првенство за кое сме нетрпеливи.

Што направив со првите 11 и дали погрешив? Не можев да го ставам Тони Крос затоа што не беше 100% подготвен, а на Лука Модриќ му беше потребен одмор. Ќе се бориме за титула до крајот, ништо не е готово“, изјави Анчелоти.

Реал Мадрид е втор на табелата со 45 бода, со меч повеќе од Барселона која има и пет бода повеќе од „кралевите“.

Состави

Javier Aguirre

5-3-2

    Карло Анчелоти

    4-3-3