Анчелоти: Теренот беше лош, во вакви услови тешко се игра фудбал!

Карло Анчелоти немаше славно деби на клупата на Бразил и само ремизираше на гостувањето кај Еквадор во мундијалските квалификации (0-0), а по натпреварот Италијанецот рече дека пред него има многу работа, но се пожали и на лошиот терен. 

„Кариоките“ се на четвртата позиција во јужноамериканската група, со два бода помалку од Еквадор и Парагвај. Анчелоти е согласен дека репрезентацијата мора да биде многу подобра на следните мечеви. 

„Одигравме многу тежок натпревар. Еквадор е жилав противник и покажа дека е солиден тим. Не сакам да барам изговори, но теренот беше навистина лош.

Тоа беше очигледно, не мора јас да кажам. Во вакви услови е тешко да се игра, па затоа не ме чуди ни крајниот резултат. Мораме да сме многу подобри и ќе работиме на тоа во следниот период. Сите знаеме какви очекувања има бразилската јавност“, рече Анчелоти. 

Бразил ќе има нова шанса да „скокне“ до второто место во квалификациите и ќе го пречека Парагвај на 11 јуни.  

ФОТО/PHOTO: CBF Futebol