• Горан Упале

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, изјави дека напаѓачот Килијан Мбапе би можел да биде во конкуренција за натпреварот против Пачука, во финалето на Интерконтиненталниот Куп во Доха.
„Килијан тренираше и се чувствува добро. Ќе видиме како ќе се одвива денешниот ден Ако се чувствува добро, ќе игра, но ако има некаков ризик - нема да добие шанси. Вчера сè изгледаше добро и ние сме оптимисти“, изјави Анчелоти.
Мбапе заздравува од повредата на левата надколеница, поради која го пропушти саботниот натпревар против Рајо Ваљекано (3-3) во шпанското првенство.
Попладнево од 18:00 часот во Доха, Реал Мадрид ќе игра против мексиканската Пачука во финалето на Интерконтиненталниот Куп. Реал Мадрид е во финалето, иако не одигра ниту еден натпревар, бидејќи е привилегиран како европски првак, а Пачука на патот до финалната средба ги совлада Ботафого и Ал-Ахли.