• Мартин Танасковски

Реал Мадрид во последно време не е често на пазарот, а особено ретко носи играчи во јануари. Но, се чини дека работите мора да се сменат сега, посебно по болниот пораз од Барселона во финалето на Суперкупот каде кралскиот клуб прими пет гола.
Анчелоти верува дека итно му треба нов десен бек уште сега, во месец јануари. Дани Карвахал отсуствува до крајот на сезоната, а Лукас Васкез едноставно не може добро да си ја заврши работата во тешките натпревари. Федерико Валверде често е алтернатива, но Уругваецот Карло сепак сака да го има како опција во средниот ред.
Британски „Атлетик“ објави дека Анчелоти побарал од Перез итно да донесе играч на таа позиција, а не е тајна кого го сака таму. Трент Александер-Арнолд веќе некое време е на радарот на „кралевите“, но англискиот репрезентативец беше планиран како слободен трансфер на крајот од сезоната, кога му истекува договорот со Ливерпул.
Затоа Перез ќе мора да тргне по десниот бек, но прашање е дали „црвените“ ќе бидат подготвени да се откажат од него среде сезона кога се борат за титулата во Англија и кога ќе делуваат како еден од најдобрите тимови во Европа со надеж дека ќе освојат неколку трофеи, па дури и Лигата на шампионите.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.