Анчелоти: Со Елмас во тимот добиваме на квалитет и динамика!

Ељиф Елмас за првпат како стартер отвори еден меч на Наполи во Серија А, и според прикажаната игра одигра на многу високо ниво, а тоа го натера Карло Анчелоти да да испрати пофални зборови за него на официјалната прес-конференција по мечот со Сампдорија. 

Иако искусниот стратег е познат по тоа што не сака многу да зборува за своите избраници, не го криеше задоволството од она што Елмас го покажа на терен. 

„Елмас е тип на фудбалер кој ни носи значаен квалитет и динамика во играта. Мора да напоменам дека имаме некои проблеми на тренинг, но тоа е позитивно“, рече италијанскиот тренер. 

Елмас на терен мина солидни 76. минути и заедно со стрелецот на двата гола Мертенс добија највисоки оценки за одиграната партија.