ВИДЕО: Анчелоти сака ваков Бразил – со ПЕТ гола декласирана Јужна Кореја во Сеул!

Бразилската фудбалска репрезентација извојува убедлива победа над Јужна Кореја со 0-5 во пријателски натпревар одигран во Сеул. Поточно кажано, селекцијата на Карло Анчелоти ја демонстрираше својата сила против една од најдобрите азиски селекции.

Двојни стрелци за „кариоките“ беа Естевао и Родриго, додека еден гол постигна Винициус Жуниор. Со играта, Бразил потсети на најдобрите денови на оваа репрезентација, Родриго, Естевао, Куња и ВиниЦиус си проигруваа со противникот како со мали деца и на навивачите во Кореја им дадоа одлична атмосфера, иако високо го поразија нивниот тим.

Најубавиот момент од натпреварот се случи во 41. минута, кога Бразилците изведоа акцијата како во учебник – Родриго му ја пропушти топката на Касемиро, кој веднаш, од прва го проигра, а во продолжение Родриго мајсторски си создаде простор за шут и ја смести топката во мрежата на Корејците.

Бразил останува во Азија, каде за четири дена во Токио ќе одигра пријателски натпревар со Јапонија