Анчелоти: Примивме три исти гола, најмалку што можам да направам е...

Карло Анчелоти и Реал Мадрид оваа сезона првпат загубија во Примера. И тоа во најлош момент, во градската пресметка со Атлетико Мадрид (1-3). По мечот трофејниот италијански стручњак кажа дека ја презеде вината за поразот кога се говори на тактички план.

„Го почнавме мечот споро, не бевме конкретни и тогаш кога Атлетико поведе го покажа најдоброто во својата игра. Противникот беше подобар од нас во тие моменти, ние бевме кршливи во одбраната, не бевме компактни, посебно во првото полувреме. Примивме три исти гола, ни го пробија просторот меѓу бековите. Можев многу подобро, секако, кога тимот не игра добро и кога не прави што ќе побарам, тоа е моја одговорност. Најмалку што можам да направам во моментов е да преземам одговорност“, изјави Анчелоти.

Кралскиот клуб со овој пораз ѝ го предаде врвот на Барселона која има бод повеќе. Исто така пред Реал Мадрид е и Џирона која има ист број на бодови.

Состави

Диего Симеоне

5-3-2

    Карло Анчелоти

    4-4-2