Анчелоти потврди кој фудбалер има загарантирано место на списокот за СП!

Искусниот дефанзивец на Фламенго, Данило, се најде на поширокиот список за Светското првенство, а селекторот Карло Анчелото ги објасни причините зошто е повикан да биде дел од бразилската репрезентација. 

34-годишниот Данило ќе има сигурно место во ростерот на „кариоките“ и ќе биде дел од 26-те играчи кои ќе бидат во комбинација за настап на Мундијалот во САД, Канада и Мексико. 

„Важно е како играчот се вклопува во тимот и што може да донесе на теренот, а Данило ги има тие квалитети што ги бараме. Тој не е само добар фудбалер, туку и прекрасен човек.

Влијанието што го има во соблекувалната е неверојатно. Посакувам секој тим да има барем по еден играч како него“, изјави Анчелоти. 

Конечниот список на повикани фудбалери за Светското првенство треба да биде објавен еден месец пред почетокот на турнирот. Бразил сигурно ќе има исклучително силен ростер, кој е секогаш зрел за највисоки достигнувања.  

Интересно е што Данило во последно време е резерва во Фламенго, а доста често и прави грешки на теренот, но селекторот Анчелоти во него гледа искусен фудбалер, кој неретко може да биде фактор на многу полиња.