Анчелоти: Победата не беше така лесно издвојувана како што изгледаше

Реал Мадрид и Карло Анчелоти продолжуваат да рушат рекорди. Како што заврши минатата, така почна и новата сезона во евро-куповите - со трофеј на „кралевите“.

Анчелоти даде свое видување за синоќешната победа над Ајнтрахт со 2-0 во Суперкупот на УЕФА.

„Нашите анализи ја покажаа слабоста на противникот на подалечната статива при нафрлањето на топките. Но, на крајот се покажа дека голот е повеќе случајност, освен присуството на Касемиро во таа зона, бидејќи го замоливме да истрча таму. Не ми требаше оваа победа за да ви кажам дека мојот тим е сè уште гладен и мотивиран. Тоа беше тежок натпревар. Беше многу потешко отколку што изгледа на прв поглед“, рече Анчелоти.

Реал Мадрид го освои Суперкупот на УЕФА по петти пат во својата историја. „Кралевите“ се израмнија со Милан и Барселона по освоени трофеи во ова натпреварување. 

Мадридскиот клуб овој викенд одбраната на титулата во Примера ја почнува на гостувањето кај Алмерија. 

Состави

Карло Анчелоти

4-3-3

    Оливер Гласнер

    3-4-2-1