Анчелоти откри со каква формација ќе го нападне Ливерпул

Анчелоти

Реал Мадрид ќе се сретне со Ливерпул во овогодишното финале во Лигата на шампионите, кое на 28 мај ќе се одигра во Париз. „Кралевите“ со три пресврти стигнаа до мечот за титула. Најпрво го елиминираа ПСЖ, потоа и Челзи, а на крај на спектакуларен начин го исфрлија Манчестер Сити на Пеп Гвардиола.

Карло Анчелоти откри каква формација ќе користи за дуелот против тимот на Јирген Клоп.

„Ќе играме 4-3-3 формација во финалето. Понекогаш поради високиот пресинг ќе се префрлиме на 4-4-2 или 4-4-1-1. Нема многу да промениме за дуелот со Ливерпул. Ќе се обидеме да го играме нашиот стил на фудбал“, порача Карло Анчелоти.

Мадриѓани покажаа дека се расположени за игра и со 6-0 победија на последниот натпревар во Примера против Леванте.