Анчелоти: Охрабрува оваа победа, напорно ќе работиме до Мундијалот

Карло Анчелоти ја исполни првата мисија. На денот на својот роденден го одведе Бразил на Светското првенство во 2026 година. Победата против Парагвај со 1-0 значи и математички дека „кариоките“ ќе играат на следниот Мундијал, со што остануваат единствени со учество на сите Светски првенства во историјата.

Анчелоти беше половично задоволен со играта, но најави процес на подобрување во периодот од една година до големиот настан.

„Одигравме добар натпревар, особено во првото полувреме. Во второто полувреме темпото малку падна, но генерално покажавме добро координирана тимска игра и ова е охрабрувачки. Треба да работиме напорно, бидејќи има само уште една година до Светското првенство во 2026 година. Сите сме среќни, но сега треба да размислуваме за иднината, изјави Анчелоти.

Репрезентацијата на Бразил следните натпревари ги игра на 3 септември против Чиле и на 6 септември против Боливија.