• Сашо Поповски

Карим Бензема беше еден од двата стрелци за Реал Мадрид, кој по пет години и успехот во Скопје, повторно го освои трофејот во УЕФА Суперкупот со победа над Ајнтрахт Франкфурт.
>>> ВИДЕО: Реал Мадрид го повтори успехот од Скопје и петти пат го освои УЕФА Суперкупот!
Францускиот голгетер се искачи на второто место на вечната листа стрелци во историјата на „кралскиот“ клуб. Тој уште еднаш покажа дека е лидер на овој тим на Карло Анчелоти, кој по мечот во Хелсинки изјави:
„Тој е многу важен за нас, Бензема е лидер на екипата. Ако сме тука, тоа во голема мера се должи на него, кој постигна многу голови. Ја заврши сезоната во добра форма и сега продолжи во исто темпо. И сега може да кажеме дека никој нема шанси покрај него во трката за „Златната топка“. Според мене не постои никаков сомнеж“.
„Кралевите“ ќе бранат неколку титули во новата сезона. Шпанскиот шампионат ќе го започнат со натпревар против Алмерија.