Анчелоти нема дилема за „Златната топка“: Тој е најдобар играч на светот!

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, има свој фаворит за освојување на „Златната топка“ која се доделува на најдобриот фудбалер на светот.

Италијанскиот трофеен тренер смета дека престижната награда ја заслужува Винициус Жуниор. Бразилецот има одлична сезона во дресот на Реал Мадрид, која ја заврши со титула во Лигата на шампионите.

„Винициус е најдобриот играч на светот. Тука нема никакви дилеми“, изјави Анчелоти за Златната топка.

Бразилскиот фудбалер е прв фаворит и во обложувалниците, а зад него се Џуд Белингем и Килијан Мбапе.