Анчелоти: Не треба да нè залажуваат оние 1-6 против Баерн...

Анчелоти

Ајнтрахт Франкфурт ќе игра за прв историски трофеј во европскиот Суперкуп против Реал Мадрид. Победникот во Лига Европа вечерва ќе го предизвика најдобриот тим во Лигата на шампионите минатата сезона.

Почетокот на сезоната за бундеслигашот не донесе посакуван резултат. Баерн Минхен се прошета на теренот во Франкфурт и победи со 1-6, што не го залажува искусниот Карло Анчелоти.

„Не се залажуваме со оние 1-6 против Баерн изминатиот викенд. Тоа беше натпреварот против германскиот шампион во домашното првенство. Претходно Ајнтрахт имаше извонредна сезона во Лига Европа. Тие се динамичен тим кој ќе ни направи многу проблеми“, најави италијанскиот стратег.

Мадриѓани се јасни фаворити на оваа средба. Останува тоа да го потврдат на стадионот во Хелсинки.