Анчелоти не ја затвара вратата на репрезентацијата за Нејмар!

Селекторот на репрезентацијата на Бразил, Карло Анчелоти зборуваше околу иднината на Нејмар во репрезентацијата и истакна дека 33-годишниот офанзивец сè уште не е отпишан од списокот патници за Светското првенство. 

Иако Анчелоти реши да го изостави Нејмар од списокот за овој собир и за натпреварите со Сенегал и Тунис, искусниот тренер порача дека времето работи во корист на напаѓачот.

„На Нејмар му е потребен ритам, тоа е клуч по долгата пауза поради повреда. Останаа шест месеци до објавувањето на конечниот список на играчи за Мундијалот. Има доволно време да се врати во форма, бразилскиот шампионат завршува во декември. Нејмар ќе има доволно време да се одмори и подготви. Најважно е повторно да добие минутажа. Кога ќе продолжи бразилската лига, ќе има можност да ги покаже своите квалитети и физичката подготвеност“, одговори Италијанецот на прашањето за ѕвездата.

Нејмар досега има 128 настапи и 79 голови за репрезентацијата на Бразил, но во последно време поради лошата форма и многуте повреди не е дел од тимот.