Анчелоти: Не ја потценивме Пачука, напаѓачите рутински го решија мечот

Карло Анчелоти и неговиот Реал Мадрид без поголеми проблеми ја совладаа мексиканската Пачука во финалето на Интерконтиненталниот Куп, а по мечот италијанскиот стратег изјави дека е презаоволен од перформансот и ги пофали своите фудбалери за пристапот. 

„Среќен сум за овој успех. Почетокот на мечот беше малку комплициран, но потоа ја презедовме контролата и завршивме на најдобар можен начин. Очигледна беше разликата во квалитет, но ни беше потребен став и сериозен пристап.

Пофалби за моите фудбалери затоа што не се опуштија и не го потценија противникот. Во офанзива имаме одлични играчи кои го решија натпреварот. Навивачите се среќни, исто и јас“, изјави Анчелоти. 

Реал Мадрид стигна до својот шести трофеј од Интерконтиненталниот Куп или од Светското клупско првенство. Ова беше последно издание во ваков формат, а од следната година ќе гледаме сосема ново натпреварување со вкупно 32 клубови-учесници. 

Состави

Карло Анчелоти

3-4-3

    Jorge Guillermo Almada

    3-5-2