Анчелоти: Нашите амбиции се јасни, цел свет знае за што игра Бразил!

Селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, порача дека неговиот тим со максимална сериозност го очекува дуелот против Мароко во првото коло од Светското првенство.

„Кариоките“ се во потрага по добар резултат на отворањето на Мундијалот и не ги кријат своите огромни амбиции на турнирот, а селекторот признава дека меѓу фудбалерите преовладува мала позитивна трема пред првиот настап. 

„Стравот и тремата не се секогаш нешто лоши. Тие можат да ве држи будни, концентрирани и подготвени. Кога немате страв, постои опасност да станете самозадоволни.

Ги советував играчите да бидат фокусирани, тука нема простор за грешки или за лош ден. Нашите амбиции се јасни, се знае за што се бори Бразил на сите Мундијали. Ќе одиме чекор по чекор“, рече Анчелоти. 

Италијанскиот стратег го пофали противникот, нагласувајќи дека Мароко е една од најдобрите африкански селекции и тим кој во минатото покажал дека може да ги изненади фаворитите.

„Мароко е силна репрезентација и заслужува голем респект. Нè очекува тежок натпревар, но верувам во моите играчи и во подготовката што ја направивме“, додаде Анчелоти.

Натпреварот помеѓу Бразил и Мароко започнува вечерва, точно на полноќ. Ова ќе биде прв дуел во групата Ц.