• Иван Димовски

Реал Мадрид со гол предност доаѓа на гостувањето кај градскиот ривал Атлетико во реванш осминафиналето од Лигата на шампионите.
На прес-конференцијата пред натпреварот зборуваше тренерот Карло Анчелоти. Италијанецот нагласи дека дерби дуелите со Атлетико секогаш ги решаваат ситни детали.
„Мотивирани сме како секогаш во ова натпреварување. Самоуверени сме дека ќе останеме во Лигата на шампионите. Ова е игра која ни дозволува да продолжиме да сонуваме. Оваа година е малку потешка, ама ќе се бориме до крајот.
Сите натпревари против Атлетико се исти, ги решаваат ситни детали. Ќе ги натераме играчите да се фокусирани на играта без топка. Важно е да останеме целосно фокусирани за време на цел натпрвар, а мотивацијата веќе е тука“, изјави Анчелоти.
„Кралевите“ имаат мала главоболка бидејќи непознато е дали Мбапе ќе биде подготвен да игра од првата минута поради ситна повреда. Сепак, ростерот на Реал е добро пополнет и останатите може да одговорат на барањата на тренерот.