Анчелоти: Мбапе не е во најдобра форма, но му треба време за адаптација

Реал Мадрид четврти пат загуби оваа сезона во официјален натпревар, вторпат во Примера. 

Тренерот Карло Анчелоти, застана во одбрана на напаѓачот Килијан Мбапе кој промаши пенал на вчерашното гостување кај Атлетик Билбао. На крајот, „белите“ загубија со 2-1, со примен гол во финишот по грешката на Валверде.

 „Мбапе можеби не е во најдобра форма, но треба да му дадеме време да се адаптира. Имаме тројца изведувачи на пенали: Мбапе, Белингем и Винициус, вечерва редот беше на Килиан“, изјави италијанскиот стратег.

Мбапе промаши дури четири пенали во една година, со што веројатно ќе падне подолу во хиерархијата во тимот.